
септември 25, 2020
Светски ден на прва помош/ Кампања за промоција на Првата помош
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со активности на терен го одбележаа светскиот ден на ПП под мото „Првата помош спасува живот“. Активностите ќе се реализираат и во наредните недели со цел подигнување на свеста кај целокупното население за значењето на Првата помош како животоспасувачка вештина, со акцент на значењето на истата во време на пандемија.
За поголема достапност на информациите до граѓаните, поставени се 4 мега лајт површини, а подготвените флаери и постери веќе се дистрибуираат преку јавни и приватни здравствени установи, болници, во банки, ТЦ, поголеми маркети, угостителски објекти, пазари и други фрекфентни јавни локации.





































