
Свечен настан по повод јубилеј „30 години ПХВ програма“
Оваа година се навршува јубилеј 30 години од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“(ЦКА-ПХВ) на Црвениот крст на РСМ која е наменета за едукација и активирање на младите преку препознавање на потребите во заедницата, изработка на мали проекти и директна помош на ранливото население, истовремено поттикнувајќи волонтерство, тимска работа и хумани вредности. Секоја година, се вклучуваат 1200 младинци ширум целата земја кои изработуваат околу 150 мали проекти за помош и поддршка на лица во социјален ризик, поддршка на институции со разни целни групи, еколошки проекти.
Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош на 20.10.2026г. во Музејот на македонската борба одржа Свечен настан по повод јубилејот на ПХВ програмата на локално ниво со 70-минутна програма во која преку изложба на 45 фотографии и 50 предмети, 4 видеа и 11 говорници беа прикажани активностите и постигнатите резултати во изминатите години и беше посочено значењето на програмата за развојот на младите, промоција на волонтерството и хуманите вредности.
На настанот посебно беше посечен вложениот труд на дисеминаторите, мини менторите, ПХВ младинците, стручните служби и одговорните професори за Црвен крст од училиштата, волонтерите и вработените од Црвениот крст. Беа поделени благодарници на:
- 23 вклучени училишта
- 35 одговорни професори за Црвен крст
- 19 дисеминатори
- 9 мини ментори од циклусот 2026
- 68 ПХВ младинци од циклусот 2026
На настанот присуствуваа ![]()
![]()
лица публика. Во подготовките и реализација на настанот се вклучија ![]()
волонтери кои остварија ![]()
![]()
волонтерски часови.
Vредно е да се потсетиме. Во изминатиот период 2015-2026 година преку ПХВ програмата се постигнати следниве резултати:
- 15 обучени дисеминатори
- 633 обучени ПХВ младинци
- 73 изработени мини проекти
- 206 хуманитарни акции и настани
- 1.171.364,00 ден. собрани парични средства
- 18594 остварени волонтерски часови
- 17000 анимирани граѓани во ПХВ актиностите
- 3829 корисници на кои им е помогнато
















































