јануари 31, 2025

Состаноци на Клубот на млади за учебната 2024/2025

Со цел полесно информирање, споделување на информации, планирање, организирање, координирање на активностите и делегирање на обврски и задачи, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, континуирано реализира редовни состаноци во текот на тековната учебна година во препознатливиот редовен термин – секоја сабота од 17:30 часот во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош.

Во првото полугодие од учебната 2024/2025 година, во периодот од септември до декември 2024 година, Клубот на млади на ОО Карпош реализираше 12 редовни состаноци на кои се остварени вкупно 223 присуства од страна на 54 волонтери и разгледани се вкупно 78 точки по дневните редови.

Дополнително, помеѓу два состаноци на Клубот, Координативното тело одржало 3 состаноци на кои се разгледани вкупно 32 точки.

< врати се назад