април 25, 2025

Симулациска вежба за евакуација во ООУ „Петар Поп Арсов“

На покана на ООУ „Петар Поп Арсов“– Скопје, на ден 17 април 2025 година Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше гостин на реализацијата на симулациската вежба за евакуација наменета за 594 ученици и 66 вработени лица од училиштето.

Симулацијата беше успешно реализирана со безбедно и навремено евакуирање на сите присутни лица во објектот на училиштето.

Црвениот крст беше присутен со тројца претставници, службено возило, опрема за укажување на прва помош и прирачни дидактички материјали. На крајот од вежбата, за дел од учениците беше реализирано кратко предавање за значењето на првата помош и демонстирање на белодробно оживување.

< врати се назад