
ноември 4, 2026
Симулациска вежба за евакуација во ООУ „Јан Амос Коменски“
Во организација на општина Карпош и ООУ „Јан Амос Коменски“– Скопје, на ден 26 октомври 2026 година Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше поддршка на реализацијата на симулациската вежба за евакуација наменета за учениците и вработените од училиштето.
Симулацијата беше успешно реализирана со безбедно и навремено евакуирање на сите присутни лица во објектот на училиштето. Црвениот крст беше присутен со шестмина претставници, службено возило и опрема за укажување на прва помош.

















































