
април 25, 2025
Симулациска вежба за евакуација при пожар во детска градинка
На покана на приватната детска градинка „Green House“ – Скопје, на ден 11 април 2025 година Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше гостин на реализацијата на симулациската вежба за евакуација при пожар наменета за 118 лица – децата и вработените од градинката.
Симулацијата беше успешно реализирана со безбедно и навремено евакуирање на сите присутни лица во објектот на градинката.
Црвениот крст беше присутен со четири претставници, службено возило, опрема за укажување на прва помош и прирачни дидактички материјали.
