март 1, 2024

Симулациска вежба за евакуација при земјотрес во ООУ „Братство“ – Скопје

На покана на основното училиште „Братство“ од општина Карпош, на ден 27 февруари 2024 година Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош беше гостин на реализацијата на симулациската вежба за евакуација при земјотрес наменета за учениците и вработените од училиштето. Симулацијата беше успешно реализирана со безбедно и навремено евакуирање на сите присутни лица во објектот на училиштето.

Црвениот крст беше присутен четири претставници, службено возило и опрема за укажување на прва помош. На крајот од вежбата за учениците од деветто одделение беше реализирана куса едукација за практично укажување на прва помош на повредено лице.

 

< врати се назад