март 6, 2025

СЕДМИ ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ ДО СРЕДНО ВОДНО

Клубот на млади Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош под мотото „Здрав живот, здраво срце“ оваа година активно се вклучи во Одбележувањето на Неделата на борба против срцево-садови заболувања во периодот 21-28 февруари.

Традиционално, по седми пат на 04 март 2025 година беше организиран рекреативно-едукативен марш до Средно Водно за 48 учесници – членови и волонтери од Клубот на млади, ученици од средните училишта СУГС„Здравко Цветковски“, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Георги Димитров“ и Математичко-информатичката гимназија.

Пред почетокот на пешачењето, на сите учесници им беа поделени вода и овошје, а за време на качувањето имаа можност да се запознаат меѓусебно. На Средно Водно беа реализирани едукативни активности со цел поттикнување на свеста за срцево-садовите заболувања. На крајот на активноста на сите учесници им беа поделени благодарници за учество во активноста. Во подготовките и реализацијата на оваа активност беа вклучени 11 волонтери кои остварија 92 волонтерски часа.

< врати се назад