декември 1, 2025

Сандачиња по прва помош за детски градинки

Во рамките на активностите за унапредување на безбедноста во предучилишните установи, Црвен крст на РСМ-Општинската организација Карпош за сите клонови на градинките во општина „Ѓорче Петров“ обезбеди и додели нови сандачиња за прва помош целосно опремени со основни медицински средства за брза интервенција.

Со ваквите активности ја зајакнуваме поддршката за воспитувачите и персоналот во градинките кои секојдневно се грижат за најмалите и ќе им помогнеме навремено да реагираат при мали повреди или итни ситуации.

< врати се назад