ноември 15, 2025

Сандачиња по прва помош за детски градинки

Во рамките на активностите за унапредување на безбедноста во предучилишните
установи, Црвен крст на РСМ – Општинската организација Карпош обезбеди и во неколку
градинки додели нови сандачиња за прва помош целосно опремени со основни медицински
средства за брза интервенција.


Со ваквите активности ја зајакнуваме поддршката за воспитувачите и персоналот во
градинките кои секојдневно се грижат за најмалите и ќе им помогнеме навремено да
реагираат при мали повреди или итни ситуации.

< врати се назад