
Родителска средба за родителите на волонтерите во Клубот на млади
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 16 декември 2024 година организираше двочасовна родителска средба за родителите на членовите и волонтерите во Клубот на млади.
Родителската средба се реализираше како резултат на вклучувањето на нови волонтери во Клубот на млади и со истата се опфати презентирање на начинот на организирање и работа на Клубот, можности за членување и волонтирање, што значи млад член да е дел од раководството на Клубот, начин на волонтирање во проект Хуманко, ретроспектива на поголемите активности во 2024 година, предизвици и придобивки во волонтирањето и можност за прашања.
Со родителската средба претседаваше стручниот соработник за програмско работење, а на истата беа присутни 9 родители на 9 волонтери од Клубот на млади.
