
Рекреативна прошетка на кањон Матка
Во рамки на летната програма, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош организираше еднодневна екскурзија за посета на кањонот и вештачкото езеро Матка. На екскурзијата учествуваа 35 лица – волонтери од Клубот на млади, волонтери од Клубот на родители и целната група на проектот Хуманко (деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој).
За време на активноста, учесниците имаа можност да ги видат природните убавини на кањонот Матка и реката Треска, да се возат со катамарани по езерото. Беше реализирана и посета на Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.
Изразуваме исклучителна благодарност за поддршката во реализацијата на оваа екскурзија до г-дин Агрон за возењето со катамарани и до Градот Скопје за превозот со автобус од Скопје до с. Долна Матка.









































