јули 9, 2026

Редовни состаноци на Клубот на млади во учебната 2025/2026

👉Со цел полесно информирање, споделување на информации, планирање, организирање, координирање на активностите и делегирање на обврски и задачи, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, континуирано реализира редовни состаноци во текот на учебната година во препознатливиот редовен термин – секоја сабота од 17:30 часот во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош.

👉Во учебната 2025/2026 година, Клубот на млади на ОО Карпош реализираше 32 редовни состаноци на кои се остварени вкупно 880 присуства од страна на над 80 волонтери и разгледани се вкупно 212 точки по дневните редови.

👉Дополнително, во истиот период помеѓу два состаноци на Клубот, Координативното тело на Клубот одржало 10 состаноци на кои се остварени вкупно 69 присуства и се разгледани вкупно 71 точка по дневните редови.

< врати се назад