април 22, 2025

Редовни состаноци на Клубот на млади

Со цел полесно информирање, споделување на информации, планирање, организирање, координирање на активностите и делегирање на обврски и задачи, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, континуирано реализира редовни состаноци во текот на тековната учебна година во препознатливиот редовен термин – секоја сабота од 17:30 часот во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош.

Во второто полугодие од учебната 2024/2025 година, во периодот од јануари до март 2025 година, Клубот на млади на ОО Карпош реализираше 7 редовни состаноци на кои се остварени вкупно 141 присуство од страна на 48 волонтери и разгледани се вкупно 48 точки по дневните редови.Дополнително, помеѓу два состаноци на Клубот, Координативното тело одржало 1 состанок на кој се разгледани вкупно 8 точки.

< врати се назад