
Редовни избори во Клубот на родители на ЦКРСМ-ОО Карпош
Клубот на родители на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош е форма на организирање и делување на родителите на волонтерите од Клубот на млади и родителите на децата – учесници во целна група на проект „Хуманко“. Клубот е формиран во декември 2021 година и до денес активно работи преку вклучување на околу 40 волонтери – родители кои активно се вклучуваат во програмските активности на ЦКРСМ – ОО Карпош. На 16 декември 2024 година Клубот ги реализираше вторите редовни избори за избор на раководство на Клубот за мандатен период 2024-2026.
За координатор на Клубот е избрана Аница Оносимоска.
За заменик координатор е избрана Андријана Зафировска.
За членови на Координативното тело се избрани: Јадранка Тодоровска, Офелија Крстевска, Сузана Атанасова, Мирјана Геговска Грујовска и Виолета Јовановиќ Дабеска.
ЦКРСМ-ОО Карпош упатува искрени честитки и успешна работа во претстојниот двегодишен период.
