
Реализирани 8 работилници за рачни изработки
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во периодот од март до ноември 2022 го реализира проектот „Работна секција – Хуманко“ проект одобрен и поддржан од Фондот за развој и проекти на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Проектот „Работна секција Хуманко“ претставува организиран и креативен процес на подготовка и рачна изработка на корисни производи, во чиј процес директно е вклучена целната група на проектот Хуманко, а резултатите од истиот ќе придонесат за подобрување на финансиската оддржливост на проектот „Хуманко“.
Во рамки на проектот во периодот мај – јули 2022 беа реализирани 8 двочасовни редовни и една пробна работилница за изработка на корисни рачни изработки. Во рамки на работилниците беа вклучени вкупно 39 лица од кои 17 од целната група на проектот Хуманко (деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од социјално-загрозени семејства и со типичен развој), 12 волонтери кои се дел од Тимот на проектот Хуманко и 10 родители на волонтерите и целната група. На работилниците беа изработени 350 рачни изработки беџови, привезоци, магнети, расадно цвеќе и декорирани шишиња. На секоја работилница беа одговорни по тројца ментори. За сите вклучени учесници беа обезбедени ужинки и освежителни пијалоци.




































