септември 22, 2026

РЕАЛИЗИРАНА ПРВАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА СКОПЈЕ!

По повод големиот јубилеј „100 години ЗОО Скопје“, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, на 19.09.2026г. за првпат спроведе крводарителска акција во едукативниот центар во Зоолошката градина Скопје.

✨ Резултати од акцијата:

  •  5️5 лица (вработени и посетители во ЗОО Скопје) ја посетија акцијата
  • 27 волонтери од Клубот на млади и Клубот на родители при ЦКРСМ – ОО Карпош се вклучија во организацијата и реализацијата на акцијата.

Изразуваме благодарност до сите крводарители и волонтери кои дадоа свој придонес за оваа уникатна и успешна хумана приказна.

Искрени честитки до ЗОО Скопје за едновековниот јубилеј – продолжуваме заедно да создаваме хумани и убави спомени!

< врати се назад