
јули 18, 2025
Реализирана летна крводарителска акција за млади во просториите на ЦКРСМ – ОО Карпош
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 17 јули 2025 година реализираа летна крводарителска акција наменета за млади крводарители.
Акцијата се реализираше на иницијатива на волонтерите од Клубот на млади и истите активно се вклучија во подготовката, реализацијата и евалуацијата на крводарителската акција.
Крводарителската акција која се реализираше во периодот од 16:00 до 20:00 часот и истата ја посетија 64 млади лица, од кои 45 даруваа крв и го дадоа највредниот подарок кој еден човек може да го даде на друг човек.


