
јули 18, 2025
Реализирана крводарителска акција во ПЗУ „АЗУРА“
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Приватната здравствена установа „АЗУРА“, организираа и реализираа крводарителска акција за граѓанството од населба Даме Груев во просториите на ПЗУ „АЗУРА“.
Акцијата се одржа на 5 јули 2025 година во периодот од 9 до 13 часот и истата ја посетија 25 граѓани од кои 14 успешно даруваа крв.
Во организацијата и реализацијата на оваа крводарителска акција значителна поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош.
