јули 18, 2025

Реализирана крводарителска акција во Клиничка болница „Аџибадем – СИСТИНА“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 9 и 10 јули 2025 година реализираа крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ – Скопје.

За време на оваа дводневна крводарителска акција вкупно 189 вработени даруваа крв и уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело меѓу кои и голем број на повеќекратни крводарители.

Првата крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и понатаму ќе остане активен партнер во вакви хумани иницијативи, со цел да се поддржи здравствениот систем и да се помогне на што поголем број пациенти во потреба.

< врати се назад