
јули 21, 2025
Реализирана крводарителска акција во ЈСП – автобаза Ѓорче Петров
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 18 јули 2025 година реализираа крводарителска акција во автобазата во Ѓорче Петров на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Акцијата која се реализираше во периодот од 09 до 14 часот ја посетија над 20 лица, а 17 од нив успешно даруваа крв и својата хуманост ја покажаа на дело.
