
мај 26, 2026
Реализирана крводарителска акција со Ротари клуб – Скопје Исток
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Ротари клуб – Скопје Исток, организираше и реализираше крводарителска акција во просториите на Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош. Акцијата се одржа на 18.04.2026 година, во периодот од 12 до 16 часот.
Акцијата ја посетија 48 граѓани, а благодарение на хуманоста и солидарноста на крводарителите беа собрани 37 крвни единици, со што повторно беше даден значаен придонес во спасувањето човечки животи и обезбедувањето на потребните резерви на крв.






































