
Реализирана е првата активност преку проектот „Хуманко“
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош на ден 09 декември 2025г. беше реализирана тричасовна средба за меѓусебно запознавање, предлози и идеи за идни активности и посета на кафуле наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
За време на средбата, учесниците имаа можност да разговараат, да споделуваат искуства, да уживаат во предновогодишен амбиент и да се освежат со кафе и сок. Активностите за разонода со врсници се значајни активности за поттикнување на социјализацијата кај целната група.
Средбата беше реализирана во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и познато кафуле во Скопје и на истата беа присутни ![]()
деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.




































