октомври 16, 2026

Реализирана дисеминациска сесија во приватна детска градинка „Веселата дружина“

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 9 октомври 2026 година на покана на Приватната детска градинка „Веселата дружина“ реализираше дисеминациска работилница наменета за комбинирана група на деца од 2 до 5 години.

Работилницата ја следеа 14 лица и за време на истата се опфати препознавање на амблемот на Црвениот крст и презентирање на социјално-хуманитарната дејност и првата помош.

Работилницата ја одржаа тројца волонтери и истата беше дидактички обликувана и прилагодена на слушателите.

< врати се назад