
Реализирана 88-та крводарителска акција од караванот „Животот е крв“ на компанијата МАКС БЕТ
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и приватната компанија МАКС БЕТ, на 15.04.2026 година реализираше крводарителска акција во дирекцијата на компанијата. Акцијата се одржа во периодот од 14:00 до 18:00 часот, при што 23 вработени и граѓани даруваа крв и дадоа значаен придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв.
Крводарителската акција се реализираше во рамки на караванот крводарителски акции на МАКС БЕТ под мотото „Животот е крв“, кои се спроведуваат на територијата на Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора. Во текот на акцијата, компанијата додели и симболични подароци за крводарителите како знак на благодарност за нивната хуманост и солидарност.






































