април 2, 2025

Реализиран Спортско-рекреативен полигон преку проектот „Хуманко“

Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 15 март 2025 година беше реализирана тричасовна активност – Спортско-рекреативен полигон наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.

За време на активноста, учесниците имаа можност да се рекреираат преку наменско креиран и поставен полигон со разни чекори за чекорење по линија, трчање, скокање, редење на коцки и т.н.

Активноста беше реализирана во околината на објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош и на истата беа присутни 24 деца и млади од целната група и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад