јануари 31, 2025

Работилница за зајакнување на капацитетите на волонтерите во Клубот на млади

Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош по повод добиената награда во рамки на ЦКА – ПХВ програмата – циклус 2024 во периодот 21-22 декември 2024 година организираше и спроведе работилница за зајакнување на капацитетите на 20 волонтери и членови на Клубот. Со работилницата се опфатени членовите на Координативното тело, волонтери од Клубот на млади, нови волонтери вклучени во Клубот преку ЦКА – ПХВ циклусот 2024 и волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Центар.

На работилницата беа опфатени теми поврзани со основните информации за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, основни информации за Црвениот крст на РСМ, организација и работа на младите во ЦКРСМ, основи на комуникацијата, основи на тимската работа, определба на слободното време како педагошко-социолошка категорија, личен менаџмент на време, чекори при реализација и учество на најчестите активности, менаџмент процес при активност од помал и среден обем на Клуб на млади. Темите беа презентирани преку презентации, фотографии, примери-материјали, игри и групни активности реализирани од страна на искусни и обучени лица.

< врати се назад