февруари 28, 2025

Работилница за волонтерите кои се дел од Тимот на проектот „ХУМАНКО“ 2024/2025

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот 30.11.2024 – 28.02.2025 година организираше и спроведе 12-дневна работилница за обука за начинот на реализација на активностите преку проектот „Хуманко“, проект за подобрување на социјализацијата, поддршка во воспитно обраозвниот процес и намалување на социјалната ранливост на 40-50 деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од социјално-загрозени семејства и со типичен развој.

Преку програма составена од 23 теми во вкупно времетраење од 72 часа, 9 волонтери од Тимот за имплементација на проект „Хуманко“ беа запознаени со основните информации за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на РСМ, Младите на ЦКРСМ, Историскиот развој и организациската поставеност на проектот „Хуманко“, за различни попречености и потешкотии во учењето, за видовите пристап, стратегии и комуникација со ранливи деца како и за планирањето, реализацијата и евалуацијата на активностите со целната група. Исто така волонтерите имаа можност да ги зајакнат своите комуникациски вештини и работата во тим.

< врати се назад