
ноември 28, 2019
Првата хуманитарна помош од Црвениот крст пристигна во Албанија
Црвениот крст на Република Северна Македонија ја испрати првата хуманитарна помош во материјални добра во вредност од 20.000 евра и 10.000 евра парични средства во Албанија и таа веќе во раните утрински часови присигна во градот Драч.
Со хуманитарната помош пристигнаа и тимовите за одговор при катастрофи од Црвениот крст на Република Северна Маедонија за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот.