
март 7, 2024
Прошетка во природа и работилница за здрава исхрана
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 17 и 24 февруари 2024 година беа реализирани редовни активности со целната група кои беа посветени на одбележувањето на Неделата на борба против срцево-садовите заболувања.
На 17 февруари беше реализирана прошетка во природа во Градскиот парк Скопје и излет со рекреативно-забавни активности со цел поттикнување и промовирање на здрави животни навики.
На 24 февруари беше реализирана работилница за здрава исхрана на која децата и младите имаа можност да подготвуваат овошни и зеленчукови салати преку реализирање на сите чекори од пазарување, лична хигиена, хигиена на плодовите, лупење, сецкање и дегустација. Од друга страна децата и младите имаа можност да ја поттикнуваат фината моторика, да научат како да одберат соодветни плодови, да разговараат за здравите животни навики, да се дружат и забавуваат.


