
октомври 29, 2019
ПРОШЕТКА НИЗ СТАРА ЧАРШИЈА
На ден 26.10.2019 година проектот ,,Хуманко” реализираше прошетка низ Старата чаршија во Скопје со цел социјализација на целната група и запознавање со знаменитостите во Старата чаршија.
На прошетката беа присутни 30 учесници меѓу кои 13 волонтери, 16 деца и млади од целната група и 1 родител на целната група.
Учесниците на прошетката низ Стара чаршија ги посетија Сули ан, Куршумли ан, Скопското кале и црквата Свети Спас.
Учесниците имаа можност да пробаат од македонските традиционални десерти во слаткарата Охрид.
Голема благодарност до слаткарата Охрид и вработените во црквата Свети Спас за топлиот пречек.