
Промоција на младите херои од СУГС „Кочо Рацин“ – приказна 1
Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.
По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.
Во продолжение следи приказната за хероите од СУГС „Кочо Рацин“.
Учениците Андреа, Радо, Матеј, Милан, Стефан, Теона, Матеја Луна и Ангела со поддршка на професорката Моника Димитриевска и малиот ментор Ива Илиевска изработија проект чија цел беше обезбедување на училишен прибор за децата од Детскиот дом „11 Октомври“.
- вклучени 8 ученици
- остварени 260 волонтерски часа
- реализирана собирна акција во парк Ѓорче Петров
- собрани 4.230,00 денари
- обезбедени 105 парчиња училишен прибор книги
- обезбедена поддршка за 18 лица
- анимирани над 100 лица од заедницата
Честитки драги луѓе!!!
ЛИНК до видео со фотографии:



































