
Промоција на младите херои од СУГС „Георги Димитров“ – приказна 4
Црвен крст на РСМ-ОО Карпош во периодот јануари – јуни 2025 г. се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која 1041 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработија 170 мали проекти за придонес за добробит во заедницата и им помогнале на 5186 лица.
По повод одбележувањето на Неделата на промоција на хумани вредности (21-28 септември) и Неделата на млади (01-07 октомври), се потсетуваме на резултатите на 9-те групи младинци од Црвен крст Карпош кои изработија мали проекти за придонес во заедницата.
Во продолжение следи приказната за хероите од СУГС „Георги Димитров“.
Учениците Ангела, Јана ,Елена, Мила, Јасемин, Лихнида и Ива со поддршка на педагогот г-ѓа Цветанка Трајановска и професорката г-ѓа Ивона Гиевска изработија проект чија цел беше обезбедување на дидактички материјали за учење и поучување на деца и младинци со оштетен вид
- ученици во училиштето „Димитар Влахов“-Скопје.
- вклучени 7 ученици од СУГС „Георги Димитров“
- остварени 325.5 волонтерски часа
- 3 повеќедневни хуманитарни собирни активности
- собирни акции во Градскиот парк – Скопје
- собрани 8.006,00 денари
- обезбедени 6 дидактички материјали за учење за ученици со оштетен вид
- обезбедена поддршка за 15 лица
- анимирани над 200 лица од заедницата
- мултиетничка димензија
- долготраен ефект
Честитки драги луѓе!!!



































