мај 26, 2026

Проект „ХУМАНКО“ во посета на ЈП „Лајка“

Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади при Црвениот крст на РСМ – ОО Карпош, беше реализирана посета на ЈП „Лајка“, во која учествуваа 25 деца и млади од целната група – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик, како и млади со типичен развој, заедно со волонтери од Клубот на млади. Посетата беше насочена кон развивање емпатија, одговорност и подигнување на свеста за грижата и заштитата на животните, како и запознавање со работата и функционирањето на ЈП „Лајка“.

Учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со секојдневните активности и процеси на работа на претпријатието, при што преку интерактивна комуникација поставуваа прашања и отворија важни теми поврзани со одговорното сопствеништво, хуманиот однос кон животните и потребата од нивна заштита и грижа. Упатуваме благодарност до ЈП „Лајка“ за топлиот пречек и соработката, со надеж за нови заеднички активности и дружби во иднина.

< врати се назад