
Присуство на отворање на Младински и Ресурсен центар во Општина Карпош
На покана на Општина Карпош, на 02.10.2026г. во спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ – Партизан во Општина Карпош, претставници од Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош присуствуваа на свеченото отворање на новиот Младински центар и Ресурсниот центар – Карпош.
На отворањето обраќања имаа градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Сотир Лукровски, и извршниот директор на Коалиција СЕГА, г-дин Зоран Илиески, со што официјално беше најавен почетокот на работата на центарот.
На настанот присуствуваа 6 претставници од Општинската организација. Присуството на настанот овозможи запознавање со програмите и можностите за поддршка на благосостојбата, личниот, социјалниот и професионалниот развој на младите, како и остварување контакти за идни соработки и заедничко дејствување со останатите невладини организации вклучени во центрите.
Учеството на настанот е во пресрет на одбележувањето на Неделата на млади на ЦКРСМ која се одбележува од 1 до 7 октомври секоја година.




































