октомври 27, 2026

Приклучи се на караванот „Животот е крв“

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со компанијата Макс Бет и Институтот за трансфузиона медицина организираат крводарителска акција која е дел од регионалниот караванот крводарителски акции „Животот е крв“.

  • 28 октомври 2026, среда (утре)
  • 14:00 – 18:00 часот
  • локал на Макс Бет (ул. Бранислав Нушиќ бр. 19-А, Карпош 2, до Стокомак)

Ги покануваме сите хумани граѓани на возраст од 18 до 65 години, кои се чувствуваат здраво, да се приклучат и со едноставен, но хуман гест – дарување крв – да спасат нечиј живот..

Да покажеме дека заедно можеме повеќе! Биди херој – дарувај крв!

Доколку имате прашања или сте заинтересирани, обратете се на 071/482-154

< врати се назад