
Посета на Зоолошка градина и едукативна работилница преку проектот ХУМАНКО
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 01 февруари 2025 година беше реализирана тричасовна посета на Зоолошката градина – Скопје наменета за 22 учесници од целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој и волонтери од Клубот на млади.
За време на посетата, учесниците имаа можност да се запознаат со животинскиот свет во Зоолошката градина и нивните општи карактеристики како потеклото, живеалиштата, исхраната. Дополнително на 08 февруари 2025 година за 34 учесници беше реализирана едукативно-креативна работилница за животни во објектот на ОО Карпош со цел проширување на веќе стекнатите знаења за животинскиот свет.





