декември 30, 2025

Посета на концерт на НВО „Соѕвездие“ – Скопје

Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 26.12.2025 година беше реализирана активност – посета на музички концерт организиран од страна на НВО „Соѕвездие“ – Скопје наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој. На концертот свој настап имаше нашата другарка Марија Савевска. На крајот, на сите учесници им беа поделени новогодишни пакетчиња. По концертот, се реализираше прошетка низ новогодишно украсениот плоштад. На активноста беа присутни 18 лица од целната група и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад