
август 6, 2019
Посета на Дом за стари лица „Мајка Тереза“ – Злокуќани
Во рамките на активностите за грижата за старите лица, 18 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош, на 10 Февруари 2019 година ги посетија старите лица во Домот ,,Мајка Тереза,, во Скопје.
За време на посетата волонтерите на 80 стари лица им подарија скромни подароци, а времето поминато во домот го исполнија со дружење, разговори и заеднички игри со старите лица.