
февруари 23, 2026
Поплави во Општина Сарај
Поради обилните врнежи од дожд, настанаа поплави во неколку населени места во Општина Сарај.
Поплавени се повеќе семејства и домови во следните села:
- Село Буковиќ
- Село Горна Арнакија
- Село Семеништа
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија се исто така на терен и активно помагаат на погодените семејства со поддршка и неопходна помош.
Покажуваме солидарност и поддршка за сите погодени семејства во овие тешки моменти.





































