Помош и поддршка на старите лица во домот „Mајка Тереза“ во Скопје
Во рамките на активностите за превенција и заштита од Коронавирусот- Ковид 19, шест волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Карпош го посетија домот за стари лица “Мајка Тереза” во Скопје и извршија набавка на храна, хигиена и лекови за 20 старите лица.
За време на посетата на домот и спроведување на сервисните услуги беа обезбедени и се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.
Целта на оваа активност е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (корона вирус) и истата ќе продолжи и ќе се спроведува и во наредниот период.