февруари 10, 2020

Подготвителна работилница за членовите на Тимот за имплементација на Проектот ,,Хуманко”

Во јануари 2020 година во Црвен крст на Република Севрна Македонија-Општинска организација Карпош се реализира втората подготвителна работилница  за членовите на Тимот вклучени во имплементација на Проектот “Хуманко” наменет за помош и подршка во едукативниот процес, социјализацијата и  намалување на социјалната ранливост на 40 деца со посебни потреби.

На работилницата од страна на 4 предавачи-стручни лица од областа на социологијата, педагогијата и образованието, вкупно 13 волонтери од  Клубот на млади на Општинската  организација Карпош кои се вклучени во Тимот за имплементција на Проектот “Хуманко”,  имаа можност да се запознаат со проектните активности и временската рамка за нивна реалзација и  воедно да се стекнат со потребните знаења и вештини за правилен пристап и начин на работа со целната група и вештини за организирање и реализација на активностите во рамките на проектот.

 

< врати се назад