
ноември 4, 2026
Подготвени и поделени 180 оброци за бездомни лица
По повод одбележување на 10 октомври – Светскиот ден на бездомништвото, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош реализираше активност за подготовка, пакување и делење на 180 топли оброци за 180 бездомни лица од градот Скопје.
Акцијата се реализираше на 17.10.2026г. во соработка со НВО „Љубезност“-Скопје, организација која има воспоставено организиран систем за опслужување со храна на бездомните лица на неделно ниво.
Во оваа хумана акција беа вклучени 31 волонтер од Клубот на родители и Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош кои оствариле вкупно 163 волонтерски часа.










































