мај 28, 2025

Подготвени и поделени 130 оброци за бездомни лица

На иницијатива на Клубот на родители на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 10 мај 2025 година беше организирана хуманитарна акција за подготовка, пакување и делење на топли оброци за бездомните лица на територија на градот Скопје.

Волонтерите подготвија вкупно 130 топли оброци, истите соодветно ги спакуваа и со волонтерите од НВО „Љубезност“ заедно ги поделија на бездомните лица во центарот на Скопје.

Во оваа хумана акција беа вклучени 25 волонтери од Клубот на родители и Клубот на млади кои остварија вкупно 117 волонтерски часа.

< врати се назад