
јануари 31, 2025
Поделени 374 новогодишни пакетчиња
По повод Новогодишните и Божиќните празници Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот декември 2024 – јануари 2025 година преку хуманитарна акција и партнерска соработка обезбеди 374 новогодишни пакетчиња наменети за разни категории на деца и млади во ризик.
Пакетчињата беа поделени во периодот од 02 до 17 јануари 2025 година на 374 деца и млади меѓу кои деца од семејства во социјален ризик, деца и млади со попреченост и останати посебни потреби и деца и млади од рурални средини.
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош изразува благодарност до маркетите Веро, ТЦ Кам Мол, НВО „ЦСИ ЛИНК“ – Скопје и СУГС „Никола Карев“ за поддршката во обезбедувањето на новогодишните пакетчиња.



