јуни 25, 2021

„ПОДАРИ МАЛКУ СРЕЌА“ – поддршка на 63 социјално-загрозени семејства

На иницијатива на волонтер од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во текот на месец мај и јуни 2021 година се реализираше проектот „ПОДАРИ МАЛКУ СРЕЌА“, проект за намалување на социјалната ранливост на повеќе од 60 социјално загрозени семејства.
 
Иницијативата започна со мобилизирање на граѓаните преку неформални разговори и повик на социјалните мрежи, да донираат производи за подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени и хигиенски производи. Во текот на месец мај од страна на 43 граѓани – индивидуални донатори, беа обезбедени 600 килограми прехрамбени и хигиенски производи од кои се подготвени 63 хуманитарни пакети наменети за 63 социјално загрозени семејства со околу 250 лица на територија на локалните самоуправи Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.
 
Делењето на хуманитарната помош се реализираше преку подготвен пункт во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош, од каде корисниците си ги подигнаа пакетите. Во реализацијата на проектот се вклучија 8 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош кои остварија вкупно 120 волонтерски часа.
За време на активностите беа применувани заштитните мерки за превенција од ширење на коронавирусот Ковид 19.
 
< врати се назад