
Панел дискусија: Аспекти на болестите на зависност
Во заедничка соработка помеѓу општинските организации на Црвен крст Карпош, Гази Баба и Чаир и ЈЗУ Психијатриска болница „СКОПЈЕ“ – Скопје на 29 ноември 2022 година од 11 до 12:30 часот во амфитеатарот на Болницата беше спроведена панел дискусија на тема: „Аспекти на болестите на зависности“.
Панел дискусијата беше организирана во рамки на одбележувањето на Месец ноември – месец на борба против болестите на зависност како календарска активност на Националното друштво.
За време на панелот од страна на стручните лица д-р Јагода Пејовска, д-р Павлина Васкова, г-ѓа Илина Васкова-психолог и г-ѓа Хамиде Ајдари – социјален работник беа споделени информации и искуства поврзани со клиничката слика, дијагностиката, третманот и превенцијата на болестите на зависност – алкохолот, дрогата и пушењето цигари.
На активноста присуствуваа 31 лице – членови и волонтери од Клубовите на млади при Општинските организации на Црвен крст Карпош, Гази Баба и Чаир. Панелот помина во активна конструктивна атмосфера со покажан исклучителен интерес од страна на слушателите.




































