јануари 31, 2025

Отворен ден на Клубот на млади

Клубот на млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија  – Општинска организација Карпош во склоп на одбележувањето на Неделата на млади на 10 октомври 2024 година од 11 до 15 часот во дворот на објектот  организираше ОТВОРЕН ДЕН на Клубот на млади за ученици од основни и средни училишта.


За време на отворениот ден посетителите имаа можност да се информираат со основни информации за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, дејностите на Црвениот крст, работата на Клубот на млади и можностите за волонтирање и членување преку посета на 4 пункта:
 
1. Пункт за дисеминација и проект „ХУМАНКО“
2. Пункт за социјално-хуманитарна дејчност, превентивна едукација и прва помош
3. Пункт за ментално здравје, зелен волонтеризам и освежување

4. Пункт за одговор при катастрофи и местење на шатори

На настанот присуствуваа 116 посетители, ученици и професори од четири основни и три средни училишта од кои 12 младинци пополнија пристапници за волонтирање во Црвениот крст. За успешна организација на настанот се вклучија 18 волонтери од Клубот на млади кои остварија 79 волонтерски часа.

< врати се назад