
ОТВОРЕН ДЕН – КЛУБ НА МЛАДИ ЦРВЕН КРСТ КАРПОШ
По повод Неделата на младите, Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош ве поканува на нашиот Отворен ден!
Сакаш да дознаеш како можеш да помогнеш, да стекнеш нови вештини и пријателства, и да бидеш дел од позитивните промени во заедницата? Дојди и запознај се со нашите активности!
Што да очекуваш? – Информативни и интерактивни катчиња каде што ќе можете од блиску да ги проследите:
- Волонтерство и дисеминација
- Прва помош, социјално-хуманитарна дејност и крводарителство
- Вештини за поставување на шатори и забавни активности
Дата: 14.10.2026 (Среда) Време: 10:30 – 16:00 часот Место: Објект на Црвен крст Карпош (ул. Орце Николов бр. 155-В, Карпош 1)
Ве очекуваме да се дружиме, да учиме и заедно да направиме разлика!




































