
мај 28, 2025
ОСВОЕНО ВТОРО МЕСТО НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
На 17 мај 2025 година во дворот на ООУ „Димитар Миладинов“ во Скопје се оддржа Регионален натпревар по прва помош за 2025 година за екипите од општинските организации на Црвен крст од северозападниот регион во организација на ЦКРСМ, а домаќин беше ООЦК Центар. На истиот учество земаа 14 најдобри екипи од 14 општински организации.
Од Црвен крст на РСМ – ОО Карпош учесник беше екипата од СУГС „Орце Николов“ која на општинскиот натпревар по прва помош го освои првото место во категоријата младина.
Екипата од ООЦК Карпош го освои второто место, додека првото место го освои екипата од ООЦК Центар. Упатуваме искрени честитки до сите учесници на натпреварот.
